Македонски | English
Модната конфекција ДАНИТЕКС е формирана во 1997 година од страна на Даница и Лазо Ѓоргиеви како фамилијарен бизнис. Лоцирана е во Кочани, источниот дел на Македонија. Главната дејност на оваа фирма е производство и доработка на женска облека.



На почетокот ДАНИТЕКС броеше само 30 вработени во една производна линија. Поминувајќи низ многу етапи на развивање, Данитекс денес е добро позната фирма со 180 вработени. Што се однесува до машинскиот парк, Данитекс е фабрика со задоволителен број на полуавтоматски и автоматски машини, фирма со 15 години искуство во производството на женска облека.