Македонски | English
Нашите производствени капацитети се опремени со современа технологија која што заедно со ефикасното работење на вработените, овозможува брзи и навремени испораки.

Модната конфекција Данитекс има доволен број на стручен кадар неопходен за одржување на процесот на производство на едно високо ниво. Ние имаме четири производствени линии и нашето месечно производство е помеѓу 27000 и 32000 парчиња облека во завсност од стилот и моделот.

Моментално вкупното производство припаѓа на CM и CMT производство но во најблиска иднина оваа фабрика ќе нуди и производство на готов производ. Постојано инвестираме во нови технологии, со цел да го подобриме уште повеќе и сега веќе постоечкиот висок квалитет на производство, максимално искористување на материјалите, поголема брзина и ефикасност.